Нема производи во кошница.
Од спортисти за спортисти!
BCAA (разгранети аминокиселини) – леуцин, изолеуцин и валин – се есенцијални за раст, регенерација и заштита на мускулното ткиво, идеални за секој што бара повеќе енергија и издржливост при тренинг. Овие амино киселини ја активираат протеинската синтеза, го намалуваат мускулниот замор и го поддржуваат опоравувањето по секоја интензивна сесија. Без разлика дали тренираш за сила, дефиниција или кондиција – BCAA се твојот сигурен партнер за побрзи резултати и континуиран напредок.
Прикажување на сите 15 резултатиSorted by latest
На залиха
На залиха
На залиха
На залиха
На залиха
На залиха
На залиха
На залиха
На залиха
На залиха
На залиха
Нема на залиха
Нема на залиха
Нема на залиха
Поддржи го секој тренинг со вистинска комбинација на есенцијални аминокиселини!
BCAA (Branched-Chain Amino Acids) се составени од три аминокиселини - леуцин, изолеуцин, валин - кои телото не може само да ги произведе. Тие играат клучна улога во мускулниот раст, регенерација и заштита од катаболизам, што ги прави неизбежен дел од исхраната на секој спортист.
Леуцин го активира анаболниот процес и ја поттикнува синтезата на протеини, изолеуцин обезбедува енергија и го подобрува опоравувањето, додека валин ја поддржува нервната функција и го стабилизира енергетскиот баланс.
Заедно создаваат антикатаболен ефект, спречувајќи губење на мускулна маса за време на долги или интензивни тренинзи, што ги прави идеални и за фитнес и за издржливостни спортови.
Оптималниот сооднос 2 : 1 : 1 (леуцин : изолеуцин : валин) нуди рамнотежа помеѓу анаболниот ефект и издржливоста. Формули со зголемено количество леуцин (4:1:1, 8:1:1) се користат за максимална поддршка на мускулниот раст.
BCAA можат да се земаат пред, за време или по тренинг - во форма на прашок, капсули или таблети. Тие се погодни за вегани, лица со ниско-јаглехидратна исхрана или оние што сакаат да ја одржуваат мускулната маса при диета.
BCAA се дел од поголема група на аминокиселини наречени EAAs, кои ги содржат сите есенцијални амино киселини што му се потребни на телото.