Нема производи во кошница.
Од спортисти за спортисти!
Протеинските прашоци се популарни суплементи кои обезбедуваат концентриран извор на протеини за поддршка на обновувањето и растот на мускулите. Тие се едноставен начин за зголемување на дневниот внес на протеини, особено по тренинг.
Вообичаените видови вклучуваат: протеин од сурутка (брзо сварлив, идеален за по тренинг), казеин (бавно сварлив, добар за одложено (или одржливо) ослободување на аминокиселини), изолат (висока содржина на протеини, речиси без лактоза или масти), протеин од говедско месо (без лактоза и добиен од говедско месо, добра опција за оние со алергии на млеко) и вегански протеин (растителен од извори како грашок, ориз или соја, одлична алтернатива за оние кои избегнуваат млечни производи или месо). Изборот на вистинскиот протеин зависи од вашите специфични цели и диететски потреби.
Прикажани се 1–20 од 89 резултатиSorted by latest
На залиха
На залиха
На залиха
На залиха
На залиха
На залиха
На залиха
На залиха
На залиха
На залиха
На залиха
На залиха
На залиха
На залиха
На залиха
На залиха
На залиха
На залиха
На залиха
На залиха
Whey протеин е брзо апсорбирачки протеин, идеален по тренинг и во текот на денот. Во пракса ќе сретнеш повеќе форми:
Whey Concentrate (концентрат): одличен баланс цена/квалитет, добар вкус, погоден за секојдневна употреба.
Whey Isolate (изолат): повисока чистота и протеин по доза; често со помалку лактоза — добар избор за лица што сакаат “почист” профил.
Whey Hydrolysate (хидролизат): пред-„разграден“ протеин за побрза апсорпција; често го бираат понапредни спортисти или за осетлив стомак.
Казеин се апсорбира поспоро и затоа најчесто се користи навечер или во подолги паузи меѓу оброци. Погоден е за оние што сакаат стабилна протеинска поддршка и подобра ситост.
Растителните протеини (граша, ориз, соја и блендови) се одлични за лица што избегнуваат животински производи или имаат чувствителност на млечни. Денешните plant-based формули често имаат подобрен аминокиселински профил и одлична употребливост во смути/шејкови.
Комбинациите од повеќе извори (брз + бавен протеин) се практични ако сакаш “се-во-едно” решение за текот на денот.
За реално добар избор, фокусирај се на:
Цел: мускулен раст, дефиниција, слабеење, општа поддршка.
Толеранција: ако имаш проблем со лактоза, често подобро одговара изолат или растителен протеин.
Состав и чистота: протеин по доза, шеќери, масти, адитиви, дигестивни ензими (ако ги има).
Вкус и употреба: дали го пиеш со вода, млеко, во смути, во овес/палачинки.
Буџет: концентрат често е најисплатлив; изолат е “премиум” опција со почист профил.
Нема “едно правило за сите”, но овие насоки се практични:
По тренинг: whey е најчест избор поради брза апсорпција.
Наутро / меѓу оброци: whey или бленд за лесен протеински внес.
Навечер: casein ако сакаш поспоро ослободување и подолга ситост.
Во слабеење: протеин може да помогне да го одржиш внесот и да останеш сит подолго, без да “пукнеш” калории.
Во Powerhouse посветуваме внимание на изборот на секој производ во категоријата Протеини. Понудата опфаќа whey concentrate, whey isolate, hydrolyzed whey, casein, како и vegan/plant-based опции од проверени брендови со транспарентни декларации. Целта е да добиеш квалитетен протеин што реално се вклопува во твојата рутина — без разлика дали тренираш за сила, изглед или општа форма.