Нема производи во кошница.
Од спортисти за спортисти!
L-Глутамин (L-Glutamine) е клучна амино киселина која го поттикнува мускулниот раст, ја подобрува регенерацијата и го јакне имуниот систем. Совршен за спортисти и активни лица, L-Глутамин помага при обновување по интензивен тренинг и одржување на енергетскиот баланс на телото.
Прикажување на сите 12 резултатиSorted by latest
На залиха
Нема на залиха
На залиха
На залиха
На залиха
L-Glutamine е полуесенцијална амино киселина што телото ја произведува, но во ограничени количини. Највисоката концентрација се наоѓа во мускулните клетки, каде што овозможува задржување на вода и поголем мускулен волумен, што ја стимулира синтезата на протеини и гликоген. Резултатот е побрз мускулен раст, подобрена издржливост и поцелосна регенерација по тренинг.
L-Glutamine во прав се препорачува веднаш по тренинг, идеално во комбинација со протеински шејк и брзи јаглехидрати.
Може да се комбинира со креатин за максимален ефект врз мускулниот раст и опоравување. Достапен е и во форма на капсули и таблети - погоден за брза и прецизна доза.
Поради тоа што глутаминот природно се наоѓа во животински намирници (месо, јајца), веганските формули од растителни извори се одлична алтернатива за лица кои избегнуваат животинска исхрана.
Просечниот дневен внес е околу 10 грама, но при интензивен тренинг или стрес може да се зголеми до 40 грама. При високи дози следи ги упатствата на производителот и намали доколку се јави вртоглавица или непријатност.
Ниско нивo на глутамин може да предизвика замор, намалени перформанси, слаб имунитет, споро зараствување и мускулен пад. Редовната суплементација ја враќа енергијата, функцијата на мускулите и вкупната виталност.