Yamamoto Glutamine Powder
Чист L-глутамин од растителна ферментација.
Yamamoto Glutamine Powder е чиста аминокиселинска формула со 100% L-глутамин, создадена за корисници кои сакаат едноставен и прецизен додаток без непотребно сложен состав. L-глутаминот е условно есенцијална аминокиселина и е особено застапен во мускулното ткиво, што го прави чест избор кај спортисти и активни лица кои имаат поголем физички напор.
Формулата е добиена преку растителна ферментација, што ја прави чиста и практична за секојдневна спортска рутина. Yamamoto го позиционира овој производ како L-глутамин во прав погоден за активности со интензивен мускулен напор, со фокус на аминокиселинска поддршка, клеточна хидратација и континуитет во тренингот.
Yamamoto Glutamine Powder е без вкус и лесно се меша со вода, сок, EAA/BCAA напиток или протеински шејк. Благодарение на едноставниот состав и пакувањето од 600 g / 120 порции, производот е практичен избор за долгорочна употреба пред тренинг, по тренинг или во текот на денот, кога целта е подобра рутина за закрепнување, мускулна поддршка и стабилен спортски напредок.
Пирдобивки
- Формула со 100% L-глутамин
- 100% од растителна ферментација
- Најзастапена аминокиселина во скелетните мускули
- Погоден за спортови со интензивен мускулен напор
- Поддржува клеточна хидратација и мускулна рутина
- Без вкус – лесно се комбинира со вода, протеин или аминокиселини
- Практично пакување од 600 g со околу 120 порции
- Намена: закрепнување, аминокиселинска поддршка, тренинг и активна рутина
Употреба
Растворете една мерна лажица (5 g) во вода или друг пијалок по ваш избор, земајте во текот на денот или после физичка активност.
Наш совет
Иако Глутаминот во прав може да се зема во секое време од денот, за да се максимизираат неговите придобивки, Глутаминот треба да се зема веднаш по тренинг, бидејќи ова е време кога мускулите се најчувствителни на амино киселини и синтеза на протеини. Ова може да помогне да се промовира растот на мускулите и обновувањето на мускулите после вежбање.
Нутритивни вредности
| Големина на порција: 5g | |||
| Состав | 100 g | порција (5 g) | %РВ* |
|---|---|---|---|
| L-глутамин | 100 g | 5000 mg | ** |
| * %РВ: Референтен внес за просечен возрасен (8400 kJ / 2000 kcal) согласно Регулатива (ЕУ) бр.1169/2011. ** %РВ Референтен внес на хранливи материи не е утврден. |
|||
Состојки
Л-Глутамин.
Предупредувањa
Овој производ е додаток во исхраната и не е замена за разновидна и урамнотежена исхрана и здрав начин на живот.
Не е наменет за деца под 18 години, бремени жени или доилки. Не ја надминувајте препорачаната дневна доза.
Лица со алергии или здравствени проблеми треба да се консултираат со лекар пред употреба.
Чувајте го надвор од дофат на деца.
Чувајте го на ладно, суво и темно место, заштитено од топлина и влага.
Советни информации
Иако правиме максимални напори за да се осигураме дека информациите за производот се ажурирани, Ве молиме секогаш читајте ги етикетите, предупредувањата и упатствата дадени со производот. Доколку се сомневате, Ве молиме да нé контактирате или за повеќе информации за производот посетете ја веб-страницата на производителот.
Производител
Yamamoto S.P.A.
Via Salvella Ii Traversa 43
Rovato, Lombardy. 25038
Италија
Сертификати
Yamamoto го обезбедува квалитетот на своите суплементи во исхраната преку употреба на сертифицирани суровини, соработка со акредитирани лаборатории и имплементација на системи за контрола на квалитет како што се HACCP, IFOS и „Friend of the Sea“.


Коментари
Сè уште нема коментари.