Optimum Nutrition Micronised Creatine Powder
Чист микронизиран креатин за максимална сила и перформанси.
Optimum Nutrition Micronised Creatine Powder е суплемент што обезбедува најчист микронизиран креатин монохидрат, развиен за спортисти кои сакаат да ги подобрат перформансите при краткотрајни, високоинтензивни напори. Креатинот има клучна улога во производството на АТП, што претставува основен извор на енергија за мускулна контракција при интензивен тренинг. Благодарение на микронизираната форма, прашокот се раствора лесно и се апсорбира ефикасно.
Редовната употреба на креатин монохидрат придонесува за зголемување на силата, подобра експлозивност и поддршка на растот на мускулната маса, како и за побрзо закрепнување помеѓу тренинзите. Формулата е 100% чиста, без додадени состојки и без алергени, што ја прави соодветна и за вегетаријанци. Овој производ е наменет за сите што сакаат јасна и ефикасна креатин рутина, базирана на научно потврдени својства.
Пирдобивки
- Поддржува перформанси при тренинг со висок интензитет
- 3,4 g чист креатин монохидрат по порција
- Микронизиран за подобра растворливост и апсорпција
- Придонесува за зголемување на силата и експлозивноста
- Поддржува раст на мускулна маса при редовен тренинг
- 100% чиста формула без додадени состојки
- Клучна состојка: креатин монохидрат
- Намена: за спортисти и физички активни лица при краткотрајни, високоинтензивни тренинзи
Употреба
Додадете 1 рамна лажица во 240 ml ладна вода и измешајте додека не се раствори прашокот. Препорачана потрошувачка од 1 порција дневно.
Нутритивни вредности
Нето содржина: 317 g ℮ – 93 порции
| Состав | по порција (3,6 g) | %РВ* |
|---|---|---|
| Креатин монохидрат | 3,4 g | ** |
| Креатин | 3,0 g | ** |
| * %РВ: Референтен внес за просечен возрасен (8400 kJ / 2000 kcal) согласно Регулатива (ЕУ) бр.1169/2011. ** %РВ Референтен внес на хранливи материи не е утврден. |
||
Состојки
Креатин монохидрат.
Информации за алергени
Не содржи алергени.
Производот е изработен во погон каде што се преработуваат производи кои може да содржат траги од млеко, соја, глутен, јајца, јаткасти плодови и кикирики.
Складирање
Да се чува на ладно, суво и подалеку од дофат на мали деца. За сериски код/рок на употреба пред датум: видете го пакувањето.
Предупредувања
Овој производ е додаток во исхраната и не е замена за разновидна и урамнотежена исхрана и здрав начин на живот.
Не е наменет за деца под 18 години, бремени жени или доилки.
Не ја надминувајте препорачаната дневна доза.
Лица со алергии или здравствени проблеми треба да се консултираат со лекар пред употреба.
Чувајте го надвор од дофат на деца.
Чувајте го на ладно, суво и темно место, заштитено од топлина и влага.
Советни информации
Иако правиме максимални напори за да се осигураме дека информациите за производот се ажурирани, Ве молиме секогаш читајте ги етикетите, предупредувањата и упатствата дадени со производот. Доколку се сомневате, Ве молиме да нé контактирате или за повеќе информации за производот посетете ја веб-страницата на производителот.
Производител
Optimum Nutrition
3500 Lacey Road
Suite 1200 Downers Grove
IL 60515
USA












Коментари
Сè уште нема коментари.