Applied Nutrition Protein Wafers
Протеинска вафла за моменти кога сакаш вкусна ужина и практичен внес на протеин.
Applied Nutrition Protein Wafers се современа протеинска ужина наменета за лица кои сакаат вкусен и практичен начин за внес на протеин во текот на денот. Комбинацијата од крцкава вафла и млечно чоколадо создава пријатна текстура и лесна ужина што не делува тешко, а воедно обезбедува и протеинска поддршка во компактна форма.
Со 10 g протеин по вафла, производот претставува добар избор за лица кои сакаат брза ужина меѓу оброци, после тренинг или во моменти кога им треба практична протеинска опција. Формулата е создадена за активни лица, спортисти и рекреативци кои сакаат да комбинираат вкус, удобност и полесен внес на протеин без подготовка.
Applied Nutrition Protein Wafers се наменети за секој што сака вкусна протеинска вафла како дел од секојдневна рутина. Благодарение на практичното пакување, лесно се носат во торба, на работа или во теретана, а нивниот крцкав карактер ги прави привлечен избор кога сакаш нешто слатко, но и функционално. Дополнително, производот е без додаден шеќер и погоден за вегетаријанци, што го прави уште полесен за вклопување во различни навики на исхрана.
Нутритивни вредности
| Големина на порција: 39 g (1 лента) | |||
| За: Chocolate Peanut | 100g | порција (39g) | %РВ* |
|---|---|---|---|
| Енергија | 2101 kJ / 504 kcal | 819 kJ / 197 kcal | 10% |
| Масти | 32 g | 13 g | 18% |
| од кои заситени | 17 g | 6.6 g | 33% |
| Јаглехидрати | 31 g | 12 g | 5% |
| од кои шеќери | 12 g | 4.9 g | 5% |
| од кои полиоли | 11 g | 4.1 g | ** |
| Протеини | 26 g | 10 g | 20% |
| Сол | 0.50 g | 0.20 g | 3% |
| * %РВ: Референтен внес за просечен возрасен (8400 kJ / 2000 kcal) согласно Регулатива (ЕУ) бр.1169/2011. ** %РВ Референтен внес на хранливи материи не е утврден. |
|||
Состојки
Млечно чоколадо со кикирики
Вафла со какао крем (20%) и фил од кикирики (18%) и карамел фил (14%) со парчиња кикирики (5%) во млечно чоколадо (43%), високо протеинско, без додадени шеќери. Со засладувач.
Состав: Вафла со какао крем (пченично брашно, концентрат од протеини од сурутка во прав (млеко), палмина маст, засладувач: малтитоли, какао во прав со намалена масленост 4% во вафла со какао крем, масло од репка, емулгатор: лецитини, сол, средство за дизање: натриум карбонати), концентрат од протеини од сурутка во прав (млеко), карамел фил (екстракт од јаболко, концентрат од протеини од сурутка (млеко), незасладено кондензирано млеко, кокосова маст, боја: обичен карамел, емулгатор: моно- и диглицериди на масни киселини, сол, природна арома), какао путер, засладувач: малтитоли, кикирики 5,4%, обезмаслено млеко во прав, парчиња кикирики 5%, какао маса, палмина маст, полномасно млеко во прав, млечна маст, емулгатор: соини лецитини, сол, природна арома на кикирики (содржи кикирики), паста од јаткасти плодови (лешници, кикирики), екстракт од ванила.
Млечно чоколадо карамел
Вафла со какао крем (20%) и фил со вкус на солен карамел (23%) и фил од карамел (14%) во млечно чоколадо (43%), високо протеинско, без додадени шеќери. Со засладувач.
Состав: Прав од концентрат од протеини од сурутка (млеко), вафла со какао крем (пченично брашно, прав од концентрат од протеини од сурутка (млеко), палмина маст, засладувач: малтитоли, какао во прав со намалена масленост 4% во вафла со какао крем, масло од репка, емулгатор: лецитини, сол, средство за дизање: натриум карбонати), карамел фил (екстракт од јаболко, концентрат од протеини од сурутка (млеко), незасладено кондензирано млеко, кокосова маст, боја: обичен карамел, емулгатор: моно- и диглицериди на масни киселини, сол, природна арома), засладувач: малтитоли, какао путер, палмина маст, обезмаслено млеко во прав, какао маса, полномасно млеко во прав, млечна маст, емулгатор: соини лецитини, сол, природна карамел арома (содржи млеко), паста од јаткасти плодови (лешници, кикирики), екстракт од ванила. Млечно чоколадо со фстаци
Вафла со какао крем (20%) и фил со вкус на фстаци (19%) и карамел фил (14%) со парчиња кикирики (3%) и парчиња фстаци (1%) во млечно чоколадо (43%), високо протеинско, без додадени шеќери. Со засладувач.
Млечно чоколадо со фстаци
Вафла со какао крем (20%) и фил со вкус на фстаци (19%) и карамел фил (14%) со парчиња кикирики (3%) и парчиња фстаци (1%) во млечно чоколадо (43%), високо протеинско, без додадени шеќери. Со засладувач.
Состав: Вафла со какао крем (пченично брашно, концентрат од протеини од сурутка во прав (млеко), палмина маст, засладувач: малтитоли, какао во прав со намалена масленост 4% во вафла со какао крем, масло од репка, емулгатор: лецитини, сол, средство за дизање: натриум карбонати), карамел фил (екстракт од јаболко, концентрат од протеини од сурутка (млеко), незасладено кондензирано млеко, кокосова маст, боја: обичен карамел, емулгатор: моно- и диглицериди на масни киселини, сол, природна арома), концентрат од млечни протеини во прав (млеко), какао путер, засладувач: малтитоли, концентрат од протеини од сурутка во прав (млеко), фстаци 5,6%, обезмастено млеко во прав, какао маса, растителни масти (шеа, палма), парчиња кикирики 3%, полномасно млеко во прав, парчиња фстаци 1%, млечна маст, емулгатор: соини лецитини, природни Арома на фстаци со други природни ароми (содржи фстаци), сол, паста од јаткасти плодови (лешници, кикирики), боја: комплекси од хлорофили и хлорофилини, екстракт од ванила.
Информации за алергени
Содржи глутен, млеко, а зависно од вкусот и соја, кикиритки, лешници и ф’стаци.
Може да содржи и траги од јајца, други јаткасти плодови и други житарки што содржат глутен. Производот содржи и природно присутни шеќери, а прекумерна консумација може да предизвика лаксативен ефект.
Тестирано за спортисти
Секоја состојка во овој производ е внимателно избрана и надгледувана преку нашиот систем за управување со квалитет за да ви донесе највисоко ниво на гаранција. Финалните производи се произведуваат и пакуваат во лабораторија акредитирана ISO 22000, BRC, GMP & Halal.
Предупредувања
Овој производ е додаток во исхраната и не е замена за разновидна и урамнотежена исхрана и здрав начин на живот.
Не е наменет за деца под 18 години, бремени жени или доилки.
Не ја надминувајте препорачаната дневна доза.
Лица со алергии или здравствени проблеми треба да се консултираат со лекар пред употреба.
Чувајте го надвор од дофат на деца.
Чувајте го на ладно, суво и темно место, заштитено од топлина и влага.
Советни информации
Иако правиме максимални напори за да се осигураме дека информациите за производот се ажурирани, Ве молиме секогаш читајте ги етикетите, предупредувањата и упатствата дадени со производот. Доколку се сомневате, Ве молиме да нé контактирате или за повеќе информации за производот посетете ја веб-страницата на производителот.
Производител
Applied Nutrition Ltd
2 Trio, Acornfield Road
Knowsley L33 7UG
United Kingdom










Коментари
Сè уште нема коментари.