Нутренд протеинска каша
Вкусна протеинска овесна каша без глутен богата со есенцијални хранливи материи
Протеинска овесна каша kоја содржи 30% изолат на млечен протеин, што обезбедува значителен извор на протеини. Производот е исто така богат со диетални влакна и формулиран да биде без глутен и лесно сварлив. Дополнително, вклучува калциум, витамин К, витамин Д, семе од чиа и мешавина од витамини и минерали. Подготовката бара додавање на вода, со подготвеност во рок од 2 минути.
Придобивки
- до 30% висококвалитетни протеини по порција
- промовира раст и заштита на мускулите
- направени од суровини без глутен
- висока содржина на влакна, чиа семе, минерали, витамини и калциум
- лесна и брза сварливост
- обезбедува енергија
- одличен вкус
- додадете вода и кашата е готова за само 2 минути
Употреба
Содржината на кесичката (50 g = 1 порција) ставете ја во соодветен сад, додадете 100 ml топла вода (не зовриена) и промешајте. Може да се користи и ладна вода. Порција од 50 g е погодна како појадок или ужина наутро или попладне. Се препорачува да се консумира како ужина (најмалку 90 минути пред или после оброк). Може да се користи после физичка активност. Земете до 2 дози на ден. Откако ќе се отвори, консумирајте веднаш.
Нутритивни вредности
| Хранливи состојки | Порција (50g) | %РВ* |
|---|---|---|
| Енергија | 761 kJ / 182 kcal | ** |
| Масти | 2.4 g | ** |
| – од кои заситени | 0.7 g | ** |
| Јаглехидрати | 22.6 g | ** |
| – од кои шеќери | 7.4 g | ** |
| Диетални влакна | 5.2 g | ** |
| Протеини | 15 g | ** |
| Сол | 0.2 g | ** |
| Калциум | 360 mg | 45% |
| Витамин К2 | 11.3 mcg | 15% |
| Витамин Д | 3 mcg | 60% |
| * Процентуални референтни вредности на хранливи материи (%РВ) на просечен возрасен (8400 kj/2000 kcal) според Регулативата (ЕУ) бр.1169/2011. ** (%РВ) Процентуален референтен внес на хранливи материи не е утврден. |
||
Состојки
Природен вкус
Овесни снегулки без глутен, изолат млечен протеин, кокос шеќер, оризово брашно, каша од хељда, семе од чиа (Salvia hispanica) 5%, инулин, фруктоза, гума од багрем, арома, натриум хлорид, агенси против стврднување фоксфакалтиум и силициум диоксид, менакинон – 7 (витамин К2), холекалциферол (витамин Д). Може да содржи траги од соја.
Вкус на малина
Овесни снегулки без глутен, изолат од млечен протеин, кокос шеќер, каша од хељда, семе од чиа (Salvia hispanica) 5%, инулин, оризово брашно, фруктоза, лиофилизирани малини 2,5%, гума од багрем, регулатор на киселост, арома, киселина, натриум хлорид, средства против стврднување калциум фосфат и силициум диоксид, менакинон – 7 (витамин К2), холекалциферол (витамин Д). Може да содржи траги од соја.
Вкус на чоколадо
Овесни снегулки без глутен, изолат млечен протеин, кокос шеќер, каша од хељда, семе од чиа (Salvia hispanica) 5%, инулин, оризово брашно, парчиња темно чоколадо 2,5% (какао маса, шеќер, какао путер, емулгатор сончоглед лецитин), какао, гума од багрем, арома, натриум хлорид, средства против стврднување калциум фосфат и силициум диоксид, менакинон – 7 (витамин К2), холекалциферол (витамин Д).
Информации за алергени
Содржи соја, млеко или млечни производи
Предупредување
Не е наменет за деца под 3 години. Се чува вон дофат на деца! Да се чува на суво место на температура што не надминува 25 °C и подалеку од директна сончева светлина. Не замрзнувајте. Производителот не е одговорен за каква било штета предизвикана од неправилна употреба или складирање.
Советни информации
Иако правиме максимални напори за да се осигураме дека информациите за производот се ажурирани, Ве молиме секогаш читајте ги етикетите, предупредувањата и упатствата дадени со производот. Доколку се сомневате, Ве молиме да нé контактирате или за повеќе информации за производот посетете ја веб-страницата на производителот.
Производител
NUTREND D. S., a.s.
Chválkovice 604
779 00 Olomouc
Czech Republic






Коментари
Сè уште нема коментари.