Azgard Creatine Nano Monohydrate
Напредна нано формула за сила и перформанси.
Azgard Creatine Nano Monohydrate е модерен суплемент создаден за спортисти кои сакаат брзи резултати во мускулна сила, издржливост и закрепнување. Секоја доза содржи 4.9 g 100% чист креатин монохидрат, кој ја зголемува енергијата и експлозивноста при кратки и интензивни тренинзи. Благодарение на нано технологијата, креатинот се апсорбира многу побрзо и поефикасно од обичните форми.
Со честички 1250 пати помали од микронизираниот креатин, оваа формула овозможува брз транспорт до мускулите, подобра искористеност и зголемени физички перформанси. Неговата нано структура овозможува директна апсорпција во крвотокот, со што мускулите веднаш добиваат енергија и сила.
Azgard Creatine Nano Monohydrate овозможува ист или подобар ефект со помали дози, без надуеност и задржување вода. Чиста формула – без шеќери, адитиви или полнила, погодна за сите спортисти кои бараат повеќе сила, подобро закрепнување и максимални резултати.
Придобивки
- 100% чист креатин монохидрат во нано форма
- 1250 пати помали честички за максимална апсорпција
- Го зголемува нивото на мускулна енергија и експлозивност
- Овозможува побрзо закрепнување по интензивен тренинг
- Без шеќер, адитиви и непотребни полнила
Употреба
Измешајте една порција (5 g) од 100% креатин монохидрат во вода или други течности, евентуално додавајќи го во вашиот шејк по тренинг.
За професионална употреба до 15 g на ден во тек на 5 дена. Доза за одржување: 5 – 7 g на ден. Препаратот треба да се зема редовно во тек на 4 – 6 недели. По 6 недели треба да се направи пауза од 3 – 4 недели. 1 лажичка содржи 5 g од препаратот.
Нутритивни вредности
| Активни состојки | во дневна порција (5 g) | %РВ* |
|---|---|---|
| Креатин монохидрат | 4950 mg | ** |
| * %РВ = Референтен внес за просечен возрасен (8400 kJ / 2000 kcal) според Регулативата (ЕУ) бр.1169/2011. ** (%РВ) Процентуален референтен внес на хранливи материи не е утврден. |
||
Сосотјки
100% креатин монохират.
Предупредувања
Овој производ е додаток во исхраната и не е замена за разновидна и урамнотежена исхрана и здрав начин на живот.
Не е наменет за деца под 18 години, бремени жени или доилки.
Не ја надминувајте препорачаната дневна доза.
Лица со алергии или здравствени проблеми треба да се консултираат со лекар пред употреба.
Чувајте го надвор од дофат на деца.
Чувајте го на ладно, суво и темно место, заштитено од топлина и влага.
Советни информации
Иако правиме максимални напори за да се осигураме дека информациите за производот се ажурирани, Ве молиме секогаш читајте ги етикетите, предупредувањата и упатствата дадени со производот. Доколку се сомневате, Ве молиме да нé контактирате или за повеќе информации за производот посетете ја веб-страницата на производителот.
Производител
Azgard Nutrition GmbH
1060 Vienna
Laimgrubengasse 17/16
Австрија


Коментари
Сè уште нема коментари.