Azgard 100% Whey Protein
Квалитетен whey протеин со балансиран состав и практична примена во секојдневната рутина.
Azgard Whey е whey протеин од сурутка кој обезбедува околу 26 g протеин по порција, што го прави практичен избор за поддршка на мускулите и секојдневен внес на протеин. Формулата содржи природно присутни BCAA и L-глутамин, важни за закрепнување и активен тренинг.
Во една порција од околу 35 g се внесуваат приближно 135 kcal, со умерено количество јаглехидрати и масти, што овозможува лесно вклопување во различни режими на исхрана. Дополнително, формулата содржи дигестивни ензими како бромелаин и папаин, кои придонесуваат за подобра искористливост и полесно варење.
Azgard Whey е практичен избор за употреба по тренинг или помеѓу оброци, кога е потребен брз и вкусен протеински шејк.
Зошто 100% Azgard Whey е специјален производ
- Содржи CFM whey протеин
- Околу 26 g протеин по порција
- Збогатен со дигестивни ензими
- Природно богат со BCAA и L-глутамин
- Добра растворливост и лесна подготовка
- Без аспартам формула
- Погоден за после тренинг и помеѓу оброци
- Намена: мускулна поддршка, закрепнување и дневен внес на протеин
Употреба
Измешајте 1 мерна лажица (35 g) во 250 ml вода или млеко. Добро измешајте.
Совет: Производот може да го користите за подготовка на одличен лесен појадок. Само измешајте 50-100 g (во зависност од Вашите потреби) овесна каша со 1 мерна лажица од 100% Whey со вашиот омилен вкус.
Нутритивни вредности
| Состав | по 100g | порција (35g) | %РВ* |
|---|---|---|---|
| Енергија | 1638 kJ / 387 kcal | 573 kJ / 135 kcal | 6.8% |
| Масти | 5.3 g | 1.9 g | 2.7% |
| од кои заситени | 3.3 g | 1.2 g | 5.8% |
| Јаглехидрати | 11.8 g | 4.1 g | 1.6% |
| од кои шеќери*** | 10 g | 3.6 g | 4% |
| Протеини | 73 g | 26 g | 51% |
| Сол | 1.5 g | 0.52 g | 8.7% |
| Дигестивен ензимски комплекс | |||
| Бромелаин | 14 mg | 5 mg | ** |
| Папаин | 14 mg | 5 mg | ** |
| * %РВ: Референтен внес за просечен возрасен (8400 kJ / 2000 kcal) согласно Регулатива (ЕУ) бр.1169/2011. ** %РВ: Процентуален референтен внес не е утврден. *** природно присутни шеќери. |
|||
Состојки
Микрофилтриран со вкрстен проток инстант протеински концентрат од сурутка (од млеко), обезмастено млеко во прав, какао прав, сол, ароми, засладувач (сукралоза), згуснувач (ксантанова гума), бромелин ексрахиран од Ananas comosus (2500 GDU/g), папаин екстрахиран од Carica papaya (6000 USP/mg).
Информации за алергени
Содржи млеко. Може да содржи соја, јајца, јатки.
Складирање
Чувајте во добро затворено пакување на температура од 5- 30оС. Чувајте подалеку од директен извор на топлина, влага и сончева светлина. По отворање користете во рок од 6 месеци. Рок на употреба: означено на пакувањето.
Предупредувања
Овој производ е додаток во исхраната и не е замена за разновидна и урамнотежена исхрана и здрав начин на живот.
Не е наменет за деца под 18 години, бремени жени или доилки.
Не ја надминувајте препорачаната дневна доза.
Лица со алергии или здравствени проблеми треба да се консултираат со лекар пред употреба.
Чувајте го надвор од дофат на деца.
Чувајте го на ладно, суво и темно место, заштитено од топлина и влага.
Советни информации
Иако правиме максимални напори за да се осигураме дека информациите за производот се ажурирани, Ве молиме секогаш читајте ги етикетите, предупредувањата и упатствата дадени со производот. Доколку се сомневате, Ве молиме да нé контактирате или за повеќе информации за производот посетете ја веб-страницата на производителот.
Производител
Azgard Nutrition GmbH
1060 Vienna
Laimgrubengasse 17/16
Австрија


Коментари
Сè уште нема коментари.