Critical Whey содржи уникатна мешавина од протеински концентрат од сурутка, протеински изолат од сурутка и хидролизиран протеин од сурутка. Протеинскиот концентрат од сурутка е добиен со технологија на ултрафилтрација и содржи високо количество на аминокиселини со разгранет ланец (ВСАА). Протеинскиот изолат од сурутка е најквалитетен протеин и е произведен со процес на микрофилтрација со вкрстен проток.
Critical Whey обезбедува 20,3 g протеини добиени од кравјо млеко, од крави кои што се хранети со трева, 4,5 g аминокиселини со разгранет ланец кои природно се наоѓаат во протеинот и 3,7 g глутамин во едно сервирање. Critical Whey е без глутен, халал сертифициран, со ниска содржина на шеќери и одличен за вкусен шејк – само додадете во вода или млеко со ниска содржина на масти.
Главни карактеристики
– Одлиен вкус и инстантно мешање | – Обезбедува високо количество а протеини и ВСАА |
– Без глутен | – Тестиран за спортисти од Informed Sport |
– Халал сертифициран производ |
Препорачана употреба
Додадете 2 дозери (30 g) во 250 – 500 ml вода или обезмастено млеко и добро измешајте. Консумирајте веднаш по тренинг или во текот на денот во денови кога немате тренинг.
Дозерот е само за проценка, се препорачува мерење со вага.
Секоја серија од овој производ е тестирана за забранети супстанции под програмата Informed-Sport. Производите подлежат на ригорозни тестирања во акредитирана лабораторија со ISO 22000 стандард за да се обезбеди највисоко ниво на сигурност за спортистите кои ги користат.
Внимание: Консултирајте се со лекар пред употребување на производот, доколку имате помалку од 18 години, сте бремени или доите, или доколку имате или се сомневате во некаква медицинска состојба или земате лекови. Додатоците во исхрана не служат како замена за разновидна, урамнотежена исхрана и здрав начин на живот. Складирајте на ладно, суво место, подалеку од дофат на деца. Не ја надминувајте препорачаната дневна доза.