Што представува Pure Nutrition течниот колаген?
Основната состојка на Pure Nutrition течниот колаген се биоактивните тип-1 и тип-3 колаген пептиди (како што е патентираниот и клинички тестиран Fortigel®). Колагенот е најзастапен протеин во човековото тело, кој е од голема важност за ‘рскавицата во зглобовите, кожата и мускулите. Всушност, колагенот сочинува 60% од тоталниот протеин во телото.
Постојат повеќе типови на колаген во човековото тело, но тип-1 и тип-3 колагенот се од особена важност за интегритетот на ‘рскавицата и кожата како и другите свзни ткива.
Со самото стареење по минување на нашите 20-ти години, нашите тела произведуваат значително помалку колаген. Истражувањата покажуваат дека на возраст од 40 години, повеќето луѓе произведуваат 25% помалку колаген од колку што им е потребно; и на возраст од 60 години таа бројка се искачува до 50%.1
Со самото тоа, како што старееме потребата за суплементација се зголемува. Дури и кај младите спортисти, суплементацијата со колаген останува клучен фактор за поддршка на зглобовите и мусклуната рекуперација.
Pure Nutrition течниот колаген е:
● Богат со биоактивни колаген пептиди
● Одличен извор на тип-1 и тип-3 колаген
● Екстремно низок процент на масти, шеќер и јаглехидрати
● Вкусен и спремен за пиење
● Без аспартам и ацесулфам-К
Придобивки од Pure Nutrition течниот колаген
Постои растечки број на клинички докази кај млади лица, покажувајќи ја ефикасноста на Fortigel® во подобрување на интегритетот на зглобовите и ‘рскавицата, како и намалување на болката во зглобовите и зголемување на нивната еластичност.2 Всушност клиничките истражувања откриваат дека Fortigel® нуди нов пристап кон лечењето на остеоартритисот.
Механизмите при кои тип-1 и тип-3 колагенот овозможува поддршка, се воглавно со намалување на проинфламаторните биомаркери и ублажување на акциите на другите фактори кои предизвикуваат болка во зглобовите.3 Fortigel® исто така помага во регенерацијата на молекулите кои се наоѓаат во тетивите и лигаментите, со што овозможуваат здрава контракција на мускулите и мобилност.4
Други придобивки од суплементацијата со колаген се подобрената функција на имуниот систем и неурогенезата.
За индивидуалци со компромитирана функција на зглобовите или воспаленост и болка, Течниот Колаген обезбедува со биоактивни колаген пептиди, кои целат кон подобрување на интегритетот на зглобовите и здравјето на кожата преку неколку клучни механизми. Суплементацијата со колаген помага со различни начини, вклучувајќи:
● Ублажување на болки во зглобовите
● Поддршка на интегритетот на ‘рскавицата
● Помага за зголемена флексибилност на зглобовите
● Ги помага анти-воспалителните процеси во сврзните ткива
Зошто да го одберете Pure Nutrition течниот колаген
Pure Nutrition течниот колаген е еден од највисоко квалитетните колагени за суплементација, кој обезбедува доза базирана на докази (10 грама) од Fortigel® биоактивни колаген пептиди во секое сервирање. Течниот колаген доаѓа во вкусен овошен пунч и може да се пие директно или разреден во вода. Секое шише од Pure Nutrition течниот колаген е проиведено во cGMP објекти во Германија, кои гарантираат најголема чистина, моќ и ефективност.
Референции
1. Hamlin, C. R., Luschin, J. H., & Kohn, R. R. (1980). Aging of collagen: comparative rates in four mammalian species. Experimental gerontology, 15(5), 393-398.
2. Flechsenhar, K. (2007). FORTIGEL (R)-a new concept for the treatment of osteoarthritis. Agro Food Industry Hi-tech, 18(5), 46-48.
3. Oesser, S., Proksch, E., & Schunck, M. (2008). 72 PROPHYLACTIC TREATMENT WITH A SPECIAL COLLAGEN HYDROLYSATE DECREASES CARTILAGE TISSUE DEGENERATION IN THE KNEE JOINTS. Osteoarthritis and Cartilage, 16, S45.
4. Schunck, M., & Oesser, S. (2013). Specific collagen peptides benefit the biosynthesis of matrix molecules of tendons and ligaments. Journal of the International Society of Sports Nutrition, 10(1), P23.