Путер од сончоглед
Путерот од сончоглед е одлична замена за путерот од кикирики. Одличен извор на протеини, влакна, витамин Е, цинк и железо. Богат е со алфа-токоферол кој го намалува ризикот за одредени видови на канцер.
Овој производ се подготвува исклучиво свеж, без адитиви и како таков се испорачува до корисниците.
Процесот на изработка е внимателно создаден со цел состојките да ги задржат своите биолошки вредности, витамини, минерали, ензими и други хранливи состојки, а особено здравите растителни масти.